Елка висока 13 метри, декоративен елен, венец и уште стотина светлечки букети – Градот распиша оглас за новогодишното украсување во Скопје
Eлка висока 13 метри годинава ќе биде поставена на градскиот плоштад, заедно со уште неколку светлосни фигури во различни форми. Украсувањето на Градот треба да биде завршено на 15 декември, а ќе чини околу 70 илјади евра. За изборот на фирма е распишан оглас.



